Почетна Вести Талентирани виртуози му подарија мал концерт на Бигорското семејство

Талентирани виртуози му подарија мал концерт на Бигорското семејство

868
0

Несекојдневна и специфична прослава на празникот за Св. Лонгин Стотникот, имало во Бигорскиот манастир, каде манастирската Обител го чествува овој светец. Станува збор за мини концерт на младиот виртуоз на виолина, 25-годишниот Игор Милевски од Битола.

Тој заедно со својот брат, исто така многу познатиот македонски виолончелист Љупчо Милевски, одлучиле токму на овој ден, во манастирскиот велик синодикон, да го подарат овој мал концерт. Пред присутните, меѓу кои и Архимандритот Партениј ги извеле композициите: „Чакона“ од Ј. С. Бах, „Капричо, бр. 16, оп. 1“ од Н. Паганини, „Капричо ‘Каденца’“ од Х. Виењавски и „Прелудиум за виолина и виолончело“ од Д. Шостакович. Но, она што особено, како што велат Бигорските монаси ги стоплило нивните души и го израдувал нивниот слух, била изненадувачката изведба на две чудесни византиски музички творби – „Кратимата на 5-ти глас“ од Петар Византиецот и третата великопеточна статија „Народите сите“.

-Со изведбата на овие композиции, браќата Милевски покажаа дека веќе запловиле по длабоките убавини на боговдахновената источно-православна музичка традиција. Овој наш генијален виолинист, и покрај младата возраст, има блескава професионална биографија, со многубројни настапи во државата и надвор, пред најзвучните имиња од светот на виолината, со многу награди, позитивни оценки и признанија… Меѓутоа, неговиот силен копнеж по Бога и љубовта кон Бигорската Светиња, и особено кон својот сродник, нашиот Старец Архимандрит Партениј, го исполнија со горешта желба да подари еден мал концерт и во нашата Обител. Така, тој самиот посака токму на овој ден, пред Старецот, братството и манастирските гости, да отсвири неколку композиции од класичната музика. Најсрдечно им се заблагодаруваме за прекрасната изведба и им посакуваме непрестајно да се возвишуваат во височините на музиката, на таа богоподарена умешност што служи за славење на врховниот Уметник – Бога, а особено во висините и длабините на музиката што произлегува од обожените души на светиите и праведниците Божји, велат од Бигорскиот Манастир.

Погледнете како тоа изгледаше:

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *