Почетна Вести Христијанство „Тајна вечера“ на Караманлис и грчкиот Архиепископ
„Тајна вечера“ на Караманлис и грчкиот Архиепископ

„Тајна вечера“ на Караманлис и грчкиот Архиепископ

131
0

Под голема тајност минатиот вторник поранешниот премиер Костас Караманлис имал средба со грчкиот поглавар Архиепископот Јероним, открија денеска грчките медкуми.

“Тајната вечера” на Костас Караманлис и Архиепископот е насловот во весникот „Та Неа“, а во текстот пишува дека поранешниот премиер и архиепископот разговарале за “жешко” национално прашање, Скопје.

Средбата на поранешниот премиер, кој во 2008 во Букурешт стави вето на приемот на Македонија во НАТО со Архиепископот траела неколку часа, откако претходно Јероним имал средба со организаторите на утрешниот протест, на кои им ветил присустви на трочлена делегација од ГПЦ на протестот.

Архиепископот на ГПЦ го повторил ставот дека Црквата се противи на употребата на терминот Македонија или нејзиниот дериват во името на Скопје.

Тој на Караманлис и детално му го објаснувал црковниот аспекти на ова прашање, нагласувајќи дека постоела опасноста од пренесување на спорот за името на црковен план преку името на МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *