Светскиот совет на цркви со остра осуда на злосторствата во Судан: побара меѓународна истрага и прекин на снабдувањето со оружје

Date:

Share post:

Извршниот комитет на Светскиот совет на цркви (WCC) изразил силно негодување поради злосторствата што се извршуваат врз населението во Судан, особено во регионот Ел-Фашер, се наведува во официјалното соопштение од состанокот што се одржува во Хангжу, Кина, од 20 до 25 ноември.

Во документот, раководното тело на WCC побарало преземање „целосна правна одговорност за извршителите на злосторства“ од почетокот на војната во Судан, истакнувајќи дека поддржува итна истрага под мандат на Советот за човекови права на ООН преку независна меѓународна мисија за утврдување факти за Судан. Покрај тоа, Советот го поздравува и ангажманот на Африканската унија и други релевантни регионални иницијативи.

WCC, исто така, упатил јасен повик до „сите надворешни актери“ кои финансираат или доставуваат оружје до страните во конфликтот, веднаш да прекинат со таквата поддршка, предупредувајќи дека тоа ја продлабочува хуманитарната трагедија и го продолжува насилството.

Во изјавата било нагласено дека Светскиот совет на цркви останува целосно посветен на поддршката на црквите и христијанските заедници во Судан, кои се соочуваат со екстремни безбедносни и хуманитарни предизвици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img