Почетна Вера МПЦ-ОА Светогорски монаси застанаа зад МПЦ-ОА во Струмица
Светогорски монаси застанаа зад МПЦ-ОА во Струмица

Светогорски монаси застанаа зад МПЦ-ОА во Струмица

635
0

По бугарските митрополити и монаси од Света Гора застанаа зад МПЦ-ОА, пишува бугарски БГНЕС.

На годишнината од пристигањето на чудотворната икона Пресвета Богородица Скоропослушница во Струмица, вчера и денеска беше извршено големо чествување во организација на Струмичкиот владика Наум и братството на Бигорскиот манастир.

Во храмот на „Светите 15 Тивериполски свештеномаченици“ беше отслужено сеноќно бдение и Света Литургија, на кои учество зеле и монаси од Света Гора.

Учеството на светогорските монаси во богослужбата на МПЦ-ОА се случи само неколку недели по посетата на бугарскиот претседател Румен Радев со двајцата митрополити од БПЦ – Пловдискиот Николај и Старозагорскиот Киприан.

По завршувањето на Светата Литургија беше извршена торжествена литија по струмичките улици со чудотворната иконата на „Света Богородица Скоропослушница”, заедно со голем број македонско и грчко монаштво, духовници и верници.

На плоштадот зборуваше и јеромонахот Филотеј Дохиарски, потсетувајќи дека Светиот Дух, а не политиката и човечките слабости го прават единството во Црквата.

-Членови на Црквата се сите христијани, кои водат духовна борба наспроти злото и егоизмот. Богородице наша Скоропослушнице, помогни ни да постигнеме единство во верата и Светиот Дух меѓу нас и воспостави длбок мир в Црквата, изјавил јеромонахот Филотеј.

Поддршката од Света Гора на МПЦ-ОА доаѓа непосредно по изјавите на Српската црква за територијални претензии кон Македонија и Охридската Архиепископија, преку најавите дека Српскиот патријарх официјално ќе ја промени титулата во „Патријарх на сите србски и поморски земји“, вклучувајќи ја и Македонија како српска земја.

Со тие најави СПЦ отворено застанува на страната на великосрпските и националистички позиции наспроти Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *