Светите Спасе и Спаса од денеска во календарот на светители на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Во сослужение на две цркви, Српската и Бугарската, МПЦ-ОА денеска ги вброи во редот на светотели Свети Спасе Вевчански и Света Спаса Вишенска. Со одлука на Синодот на МПЦ беа канонизирани во катедралната Св. Софија во Охрид. Српскаста православна црква ја претставуваше Нишкиот епсикоп Арсениј, а Бугарската црква, Старозагорскиот митрополит Кипријан.

-И во периоди кога сме биле подвластени и црковно и национално и тогаш кога да се биде христијанин се губело и глава и во времиња во кои да се служи на црковно словенски јазик и да се проповеда на мајчиниот јазик било забранувано и казнувано, ете и тогаш нашиот народ се држел до својата вера и раѓал личности кои ја живееле евангелската максима“, изјави Архиепископот  Стефан на денешната Литругија.

Култот кон двајцата светители Спасе и Спаса, кои биле брат и сестра од струшкото село Заграчани, а животот го минале во манастирите во Вевчани и Вишни, во Јабланичкиот и Струшкиот регион трае со векови. Верниците со радост го дочекаа нивното впишување во Диптихот на светиите.

„Ние од Кичево сме дојдовме да направиме чест на Света Софија, ние сме православни“.

„Многу премногу е значајно, ние треба да се одржуваме како православни и мило ми е што имаме плус двајца светители“.

„Ова е осветување на Свети Спас и Света Спаса голем христијански празник за сите наши светители“, велат дел од анекитараните граѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...