
„Денес предадов 50.000 дигитализирани, ПДФ и тврда копија од истите декларации на Дедо ПЕТАР, Митрополит Преспански Пелагониски, нашиот тврд Македонски Владика исто како Агат Ангел и Кумановскиот Митрополит Григори.
За две недели стигаат уште 50.000 исти такви…….продолжуваме….“, ќе напише Палчо на фејсбук, и ќе прикачи фотографија сликан со Петар.
Толку добро ја познава МПЦ-ОА, што од тројца владци на двајца ниту имињата не им ги знае.
Кумановскиот не е Григори, ами ГригориЈ.
Агат Ангел не е име и презиме, и не се пишува одвоено, ами исцело како име Агатангел, или со превод од грчки значи „добар ангел“.
Но, вака… така…, што со слика, што со зборови, Палчо ги преброи руските елементи во МПЦ-ОА впрегнати во неговата политичка кампања.
Таман тројца владици и тој Архиепископ. Свет синод на „света Десна“…