Почетна Вести Христијанство Свети Спас Ве повикува на голема хуманитарна забава
Свети Спас Ве повикува на голема хуманитарна забава

Свети Спас Ве повикува на голема хуманитарна забава

209
0

Хуманитарна организација “Свети Спас” организира хуманитарна забава со цел да помогне за спасување на животот на Жан Темелковски, кому му се потребни 8500 евра за операција во странство.

01.07.2021 (четврток) во кафе барот Сторија во Драчево на забавата че учествуваат многу познати естрадни уметници: Тони Зен, Диџеј Бугимен, Антониа Гиговска, Елена Петреска, Огнен Здравковски, Димитар Андоновски, Нина Јанева, Кристина Арнаудова и Бени и Нон Стоп

Забавата ќе почне во 20.30 часот, а приходите од кафе дружењето ќе бидат донирани.

Жан е сакан сопруг и е татко на три деца. Боледува од канцер на желудникот и потребна е нашата помош за да го спасиме. Тој веќе имал три третмани во Софија – Бугарија и тамошните доктори се оптимисти за неговото опоравување. Трите третмани веќе дадоа позитивни резултати и Жан се чувстува многу подобро. Потребно е да се направи уште еден третман кој чини 8500 евра, но неговото семејство веќе е финансиски исцрпено. Токму затоа сега сме потребни ние: секој од нас. Нашата хуманитарна организација. Заедно сме посилни и можеме да направиме сѐ!!! САКАЈ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!!! Сите заедно за Жан Темелковски!, велат од хуманитарната организација Свети Спас.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *