Почетна Вера Свети Наум е татко на словенското монаштво
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Свети Наум е татко на словенското монаштво

351
0

Малкумина се оние што од опит ги разбрале овие Божествени зборови, и навистина ретки се оние што во полнота ги доживеале. Еден од овие ретки тајници на Божјата благодат е и преподобниот Наум, Чудотворецот од Охрид, кроткиот и тивок проповедник на Евангелието Христово, татко на словенското општежитие, образ на монасите, утеха на тажните, мудрост на неразумните, закрилник за родот наш словенски, велат монасите од Бигорскиот манастир, кои денеска го одбележаа споменот Свети Наум, како рамноапостол татко на словенското монаштво.

Монасите велат дека Свети Наум како кроток монах, кој смирено и тивко на земјата поживеал, голема скапоценост во наследство оставил…

-И нема благодарност што достојно би можела да му заблагодари на овој рамноапостолен татко наш, освен смирено и во молитва да ги отвориме срцата свои пред него, молејќи го за поткрепа, застапништво и милост кон чедата од неговото духовно наследство. Затоа, Бигорската Света Обител, не заборавајќи го бесмртниот подвиг на сопричесникот на благодатта на Светата Троица, со благодарност и молитва, во љубов и смирение, неговиот подвиг секоја година торжествено го прославува, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *