Почетна Анализа Света Мајка Тереза ќе ја помирува македонската политичка елита. Иванов ги води Груевски, Заев, Ахмети и Тачи во Рим
Света Мајка Тереза ќе ја помирува македонската политичка елита. Иванов ги води Груевски, Заев, Ахмети и Тачи во Рим

Света Мајка Тереза ќе ја помирува македонската политичка елита. Иванов ги води Груевски, Заев, Ахмети и Тачи во Рим

377
4

Претседателот Ѓорге Иванов ги поканил лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, да присуствуваат на чинот на прогласувањето на Мајка Тереза за светица во Рим на 4 септември, пишува дневниот весник „Дневник“.

Иванов, кој ќе ја предводи државно-црковната делегација на овој светски настан и историски чин во кој Македонија има посебно место поради родното Скопје на Мајка Тереза, потегот го направил во знак на помирување и политичко обединување што го најави на Илинден.

dogovor-przino-MediumПрисуство на настанот, како што дознава „Дневник“, веќе потврдиле Груевски, Заев и Ахмети. Информацијата вчера им бил потврдена и од Kабинетот на Иванов.

– Kанонизацијата е настан што сите нас во Македонија треба да не издигне над секојдневните политички тензии и недоразбирања и да ни помогне да ги препознаеме човекот и човечкото во политичкиот противник. Kанонизацијата на Мајка Тереза е чин што ќе го обедини светот. Kрајно време е да не обедини и нас – порача Иванов во своето илинденско обраќање.

На свеченоста, покрај македонскиот претседател, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерот за култура Елизабета Kанческа-Милевска, делегации на Kатоличката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, градоначалникот на Скопје, Kоце Трајановски, како и член на фамилијата на Мајка Тереза.

Церемонијата во Рим, на која се очекува присуство на многубројни верници и високи гости од целиот свет, ќе ја предводи папата Франциск, кој во март годинава го потпиша декретот за канонизација на Мајка Тереза.

Majka tereza slika 1Претседателот Иванов, како што потврдуваат од неговиот Kабинет, ќе биде и главен покровител на татковинската прослава со наслов „Месец на св. Мајка Тереза“, што ќе биде проследена со низа настани и манифестации во родниот град на светската хуманистка, Скопје.

– Македонија на светот отсекогаш му подарувала личности што со својата мисла и мисија ги премостувале разликите и ги поврзувале луѓето и народите. Посветувајќи им го животот на отфрлените и на сиромашните во светот, скопјанката Мајка Тереза стана препознаена како мајка на милосрдието или мајка на 20 век – рече македонскиот претседател во Пелинце.

На 4 септември, кога папата Франциско во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица, во капелата на нејзината Спомен-куќа во Скопје ќе биде одржана свечена Света евхаристија. Во чест на канонизацијата на Мајка Тереза во септември ќе бидат одржани повеќе миси во Kатоличката црква, изложби, концерти, прикажување филмови за животот и делото на светски познатата мисионерка.

Во МАНУ ќе биде одржана свечена академија, како и пригодна академија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во рамките на татковинската прослава ќе биде организирана и хуманитарна акција, а централниот настан ќе се случи на плоштадот Македонија.

ivanov-3-777x437-62795На местото на родната куќа на Мајка Тереза е предвидена духовна програма, а ќе биде прогласено и светилиште на св. Мајка Тереза. Воедно, во Рим ќе биде претставена изложба на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на големата хуманистка, што ќе ја реализираат Министерството за култура и НУ Спомен-куќата на Мајка Тереза.

ПРЕД 300.000 ВЕРНИЦИ

Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква. Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за светица, беше одржана на плоштадот Свети Петар во Рим во 2003 година на која присуствуваа над 300 илјади верници.

Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, а на церемонијата присуствуваше и многубројна македонска делегација предводена од претседателот Борис Трајковски.

/ДНЕВНИК

Коментар(4)

  1. Претседател на држава може да води само државна делегација, но не и црковна, црковната делегација ја води поглаварот на Црквата, или негов ополномоштеник.
    Според каноните на Православната Црква не е дозволено епископ или друго свештено лице или пак мирјанин да присуствува на римокатолички обред или служба и не само кај нив туку и кај другите т.н. христијански заедници. Всушност ова и беше една од причините за непотпишувањето на документот за Односот на Православната Црква кон другиот христијански свет, бидејки во документот што го предлагаше Вселенската патријаршија стои зборот другите цркви,а Црква е само Православната како што и стои во Символот на верата “Во едната Света, Соборна и Апостолска Црква”, значи само е една Црква, а другите се заедници. Тоа не значи дека со нив не треба да се има контакт, оти како поинаку би им се објаснила правата вистина, пример за тоа е разговорот на Господ Исус Христос со самарјанката,а и проповедта на апостолите со другите народи, кои не биле Евреи.

  2. Каков ќе биде плодот од еден настан заснован на лажни темели? Каков ќе биде благословот од присуството на народните водачи на прогласувањето за светител на некој којшто светител не е? Ова не го говорам од омраза и нетрпеливост кон Рмокатолицизмот: напротив! Го говорам добро знаејќи ги јасните законитости на автентичниот духовен подвиг и поаѓајќи од личните сведоштва на мајка Тереза за содржината на нејзината интимна потрага по Бога во којашто самата совесно и искрено сведочи за непостоењето никаков возврат од мистичен карактер на тој пат. Мајка Тереза е олицетворение на силата и на немоќта на западното христијанско боготрагање: на супериорноста и стерилноста на голото харитативно сведоштво на Вистината, зашто Вистината не се просто сиромасите и болните, не просто севкупниот непреобразен Адам, туку Богочовекот и Спасител Исус Христос како Извор на личното Преображение на верните што го пронашле Патот на Спасението гледајќи ја Неговата Несоздадена Светлина доволно јасно уште на првото рамниште од чувствувањето на Богоприсуството, каде постои слободната можност да се скршне доброволно, но не и да не се распознаваат патоказите, Целта и најсуштинските димензии на тежнеењето кон Неа.

  3. Majka Tereza ne e politicarka, pa na nejzinata sanktifikiacija da pisustvuvaat politicki licnosti. Edinstveno ako papata saka od nejzinata samktifikacija da pravi politicki ceremonijal , togas e se vo red, no vo toj slucaj toa ne i crkoven , ekleksijasticki obred , pa ne mora da , ai ne treba da prisustvuvaat pretstojatelite na pravoslavnite crkvi , bidejki Jodza Bojadziu, kako kaotolicka redovnica , odnosno katolicka casna sestra, nikogas na se eksponirala, vsusnost i nikogas ne go spomnala pravoslavieto i postoenjeto na pravoslavnata crkva. Taka da ova , kako sto velite posvetuvanje za svetitilka ce si bide samo edna Vatikanska versko politicka ceremonija, koja nema nikakva vrska so svetitelstvoto i udostojuvanjeto za svetitelski oreol. Taa ce e samo svititelka za Vatikan , ali ne i za Pravoslavnata crkva, koja ima sosema dgugi kanonski propisi za agiotizacija , a ne sanktifikacija.

  4. Ivanov ce ja predvodi drzavno – crkovnata delegacija od Makedonija–na ovoj svetski cin–nisto ne bi bilo za cudenje toj da predvodi takva delegacija koga ce se proglasuva-ako voopsto se proglasuva za svetitel i Alojzije Stepinac. Ne bi me cudilo delegacija na MPC i tamu da se najde, ili pak nekogas da se najde i na Muhamedov grob vo Meka za vreme na proslava na nekoj Bajram ramadan

Напиши одговор на Ксенија Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *