Почетна Анализа Света Катарина ја крие приказната за блискоста и толеранцијата меѓу Муслиманите и Христијаните
Света Катарина ја крие приказната за блискоста и толеранцијата меѓу Муслиманите и Христијаните

Света Катарина ја крие приказната за блискоста и толеранцијата меѓу Муслиманите и Христијаните

432
0

Иако во светот постојат многу различни религии, местото на кое е изграден манастирот е свето за најголемите три. Историјата на манастирот Света Катарина крие една од најтрогателните приказни за блискоста и толеранцијата меѓу муслиманите и христијаните.

Во подножјето на Синајската гора, лежи една од најголемите христијански светости и најстариот манастир  на светот што е населен во континуитет – манастирот Света Катарина. Овој манастир опстојува повеќе од 1500 години во срцето на Синај, благодарение на една  древна  и контроверзна спогодба.

Синајската гора претставува светост за сите три абрахамски вери – јудаизмот, христијанството и исламот.  На оваа гора наводно Мојсеј ги добил божјите заповеди заради што и во исламот е позната  и  како Мојсеева планина.

Приказната за манастирот Света Катарина започнува во 4 век, кога царицата Елена, мајка на Константин Велики, дала наредба на местото  каде Мојсеј нашол грмушка што гори но не согорува,  да се изгради капела. Оваа градба и денес е средиште и најсветото место во манастирот.

По повлекувањето на Римјаните од Синај во 4 век, целиот регион бил зафатен од беззаконие. Манастирските монаси  побарале помош од византискиот цар, па така Јустинијан во 6 век го изградил заштитниот ѕид околу манастирот, за полесна одбрана на истиот од евентуални напади.  Освен тоа,  ѕидините биле погодни и за осигурување на патот од  Акаба до Суец.

Само еден век по Јустинијан, на арапскиот полуостров се појавува нова вера – исламот. Арапските освојувања  доведоа до исчезнување на христијанството во Египет, а до  9 век во манастирот живееле само 30 монаси.

Сепак, манастирот опстојува. Како? Одговорот се наоѓа во документот на оваа слика:

Според преданието, монасите од манастирот побарале заштита лично од  пророкот Мухамед,  кој христијаните ги сметал како свои браќа.  Мухамед позитивно одговорил на барањето и лично го потпишал, односно го заверил документот наречен „Заветот на Мухамед“.

Според оваа спогодба, монасите од Света Катарина се ослободуваат од даноци и воена служба,  а муслиманите од регионот се обврзуваат на одбрана на манастирот. За да возвратат со иста мерка, во текот на периодот на Фатимид, монасите дозволиле црквата на крстоносците во манастирските ѕидини да се претвори во џамија.

/ЗАСЕ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *