Почетна Вести Света Гора не го прима Ципрас
Света Гора не го прима Ципрас

Света Гора не го прима Ципрас

702
0

Алексис Ципрас, актуелниот грчки премиер, е одбиен од администрацијата на Света Гора да го посети ова свето место. Тој требаше во средата таму да се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј, пишува весникот „Катимирени“.

Светата заедница одлучила да не му ги укаже на Ципрас почестите предвидени со протоколот како премиер порачувајќи му дека на Атос може да дојде само како обичен граѓанин, како аџија, пишува весникот.

Причина за таквата одлука е тоа што свештениците на Света Гора сметаат дека не може да примат премиер што објавил дека е атеист и кој носи закони и спроведува политика што е против православието.

Во август 2014 година Ципрас бил срдечно прифатен на Света Гора, тогаш како лидер на опозицијата и без посебни почести, дури побарал и добил благослов од монасите.

Од друга страна, пратениците на Ципрас ја ослободија Света Гора од данокот на недвижности надвор од Атос, но тоа не го одоброволило свештенството.

Знаејќи ја одлуката на администрацијата на Света Гора, грчката влада, само неколку часа претходно, неофицијално ги извести медиумите дека посетата на Ципрас е одложена поради обемот на работа, наведува грчкиот конзервативен весник.

Во „Дохијариос“, еден од манастирите на Атос, по повод посетата на грчкиот премиер биле закачени црни знамиња и транспаренти против антихристот.

Црковни извори коментираат дека тоа се невидени работи во историјата и дека забраната за Ципрас да влезе во дел на грчката територија, односно на Света Гора, не само што е несфатлива и правно неодржлива, туку претставува и непристојност, без разлика на политичките ставови.

/Макфакс

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *