Почетна Вести Регион Свештеникот на СПЦ не прифати да биде кандидат за претседател на Црна Гора
Свештеникот на СПЦ не прифати да биде кандидат за претседател на Црна Гора

Свештеникот на СПЦ не прифати да биде кандидат за претседател на Црна Гора

148
0

Свештеникот на Српската православна црква, Жељко Ројевиќ, соопшти дека не може да го прифати предлогот на Српската коалиција, како непартиска личност, да биде кандидат за претседател на Црна Гора.

Тој и се заблагодари на Коалицијата на укажаната доверба да биде претседателски кандидат.

– Иако гледам голем број проблеми во нашето општество и држава и потреба од промени, не можам да прифатам таков предлог, бидејќи како свештеник сум обврзан да бидам пастир на сите и својата евангелска мисија да не ја загрозам со световен ангажман, вели Ројевиќ.

Претседателските избори во Црна Гора се закажани за 15 април.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *