Наводниот обид за труење со цијанит на Грузискиот Патријарх Илија II се уште ја тресе грузиската јавност. Грузиската Патријаршија за 7 март закажа вонредно заседание на највисокото црковно тело, Соборот на Архиереи. Темите од дневниот ред не се соопштуваат, но медиумите посочуваат дека главната точка ќе биде скандалот со Свештеникот Георгиј Мамаладзе кој се уште се наоѓа во притвор.
Последните информации од истражните органи во Грузија, велат дека свештеникот одбива каква било соработка со властите. Засега комуницира само преку својот адвокат.
Последната порака што адвокатот им ја пренел на грузиските власти била клетвата то уапсениот свештеник ја испратил.
-Ако имав цијанид за да го отрујам Патријархот или друг висок член на Црквата, да бидат проколнати сите мои потомци, ако е поинаку тогаш проклетството да падне на вас и на вашите потомства, била клетвата што свештеникот ја пренел преку својот адвокат.