Почетна Вести Христијанство Свештеник сака да биде погребен во дворот на црква, селаните се бунтуваат

Свештеник сака да биде погребен во дворот на црква, селаните се бунтуваат

319
0

Отворен гроб во делчевско Трботивиште ги распаметува соседите на селската црква. Гробна дупка веќе извесен период  таму зјае празна и е причина за лоши асоцијации кај жителите, но и револт:

„Ни е тука,живеел, ниту пак е бил поп , ни е чествувал.Јас треба кога ќе излезам од врата да гледам во на Џаџо гробо. На влезот на црквата и на влезот на кршталницата има две дупки.Ниту е пополнета дупката што ја ископаа , а другата ја бетонираа“изјави жителка на село Трботивиште

Гробното место е резервирано за свештеникот Ѓорѓи Џаџов кој е жив и здрав во Штип, но одлучил кога ќе му дојде време, да биде погребан во родното село:

„Јас како свештеник поднесов барање до митрополитот на Брегалничката епархија за да бидам закопан во дворот на црквата“ изјави свештеник Ѓорѓи Џаџов

Дека сé е според каноните тврди и селскиот поп, во чија парохија е ископан гробот:

„Според црковните канони, тој има доставено до мене документ и ипархијата со кој може да се погребе во црковниот двор.Уште во старо време е дозволено свештениците да може да се закопуваат во црковниот двор“ изјави Паско Шантевски-свештеник

Ова секако не е одговорот што сакаат да го чујат сите оние кои за да влезат во црквата и крстилницата , мораат да поминат покрај отворената дупка.

Тие со петиција ќе бараат нејзино итно потрупување, а сите покојни, вклучително и свештени лица, да се погребуваат на селските гробишта.

/TV STAR

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *