Почетна Вести Христијанство Свештеник почина од Ковид 19
Свештеник почина од Ковид 19

Свештеник почина од Ковид 19

1.25K
0

Отец Ламбе е една од 51-та жртва на ковид 19 евидентирани денеска.

Отец Харалампие е легенда во Ѓорче Петров. За неговата човечка големина Оливер Шамбевски ќе напише:

Верата ја сведочеше со животот свој. Ненаметливо, никогаш директно и секогаш со целосен ентузијазам посветен да му служи на Бога и на луѓето од Ѓорче, неуморно и целосно. И тоа го правеше во тешки времиња и во не толку тешки времиња со истата постојаност и посветеност. Се сеќавам дека имаше денови кога во црквата на литургиите имаше по 5-6 луѓе максимум… но тој си служеше со истиот ентузијазам како да е Велигден, никогаш не скратил никогаш не претрчал колку заради редот. Имаше периоди од мојот живот кога заради обврски, заради мрзеливост, или други причини малку бев одалечен од црквата, ама секогаш кога и да го видев ќе ми речеше… Те чекам на служба или фалиш… еееј фалиш да ти рече некој во 21-ви век.
Тој ме крштеваше, тој ме венча, тој беше тука кога се крштеваа моите деца, тој служеше на погребот на мојата мајка… тој беше тука за секоја слава, за секоја тага мислам дека не постои човек во Ѓорче со поголем морален авторитет од него!
Затоа денес кога ја слушнав веста длабоко длабоко длабоко се растажив и потресов, ама па си велам колку е милостив Бог за да не утеши нас го зема на најрадосниот празник да ни каже дека беше праведен, дека беше предобар, дека беше столб на Ѓорче Петров, дека му следуваат обилни награди во Царството небесно!
Затоа иако со болка, радосно извикувам Бог да го прости Отец Харалампие и да го насели онаму кај што се праведниците!!!
Почивај во мир отец Харалампие, и ти благодарам за сѐ, Ѓорче Петров ти благодари за сѐ и те молам отец, продолжи да се молиш за нас!!!!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *