Свештеник од Риека одби да крсти дете од вештачко оподовање на истополов брак

Date:

Share post:

Свештеникот Кристијан Зеба во Риека одбил да крсти дете зачнато со вештачко оплодување на женска хомосексуална двојка, а тоа предизвика бура од реакции во Хрватска.

Целата световна јавност не е на страната на свештеникот, кој остана доследен, бидејќи смета дека таквиот чин е против црковното учење и дека детето нема да биде воспитувано во духот на католичката вера. Аргументот на свештеникот е дека хомосексуалната двојка е веќе во грев, бидејќи живее во спротивност со учењето на Католичката црква.

„ Ние самите добро знаеме дека учењето на Католичката црква е дека бракот се состои исклучиво од маж и жена, се друго е неприфатливо – вели Зеба, пренесе загрепската телевизија N1.

Свештеникот за се ги информирал верниците на Фејсбук и предупредил дека нема навреда.

„ Совеста ми е целосно чиста и мислам дека тоа е единствената вистинска работа за мене – изјави Зеба.

/N1

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img