Почетна Вера Свештеник од Полска за Католиците во Куманово
Свештеник од Полска за Католиците во Куманово

Свештеник од Полска за Католиците во Куманово

166
0

Католичките верници од Куманово добија свештеник кој ќе раководи со пасторалната дејност во овој град, пишува порталот „Католици.мк“.

Томаш Бак, кој ќе биде католички свештеник во Куманово доаѓа од надбискупијата Пшемисл во Полска.

Во Скопје во резиденцијата на Католичката црква го примил, Бискупот Киро Стојанов, со чиј благослов ја почнува свештеничката дејност во Куманово, откако претходно десет години служел во надбискупијата во Полска.
Бискупот Стојанов изразил радост поради доаѓањето на дон Томаш во Скопската бискупија, и му заблагодарил за расположливоста за служењето во Црквата, давајќи му охрабрувачки, татковски збор, пишува „Католици.мк“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *