Почетна Вести Европа Свештеници од проруската црква во Украина бараат сеправославен црковен суд за Патријархот Кирил – Рускиот свет мора да биде осуден како ерес
Свештеници од проруската црква во Украина бараат сеправославен црковен суд за Патријархот Кирил – Рускиот свет мора да биде осуден како ерес

Свештеници од проруската црква во Украина бараат сеправославен црковен суд за Патријархот Кирил – Рускиот свет мора да биде осуден како ерес

312
1

Свештеници на Украинската православна црква – Московска Патријаршија испратија отворено писмо до помесните православни цркви во кое повикуваат на меѓународен црковен суд за Рускиот патријарх Кирил.

Сметаат дека неговото поведение е за осуда од сеправославен црковен суд, слично како што во историјата било практикувано за претставници на црквата кои поддржуваат воени агресии.

-Денес кога Московскиот патријарх отворено ја поддржува војната на Русија против Украина, ние свештениците од УПЦ-МП, решивме да се обратиме кон Соборот на претстојатели на древните источни цркви против патријархот Кирил, пишува во писмото.

Меѓу причините кои се наведени се тоа што „Кирил ја проповеда доктрината на Рускиот Свет, нешто што не соодветствува на православното учење и треба да биде осудено како ерес.

Кирил извршува морални прекршувања откако ја благослови војната против Украина и откако целосно ги поддржа агресивните дејствија на руската војска на териротијата на Украина.

Писмото на свештениците од УПЦ-МП, досега е потпишано од над 250 клирици, но списокот се шири.

Коментар(1)

  1. Е па многу сте задоцниле, господа! ‘Грчкиот свет’ во огромен дел од Православната Црква е озаконет како синоним за ‘христијански свет’. Во грчките манастири со монаси од цел свет честопати знаењето на грчки се поистоветува со напредок во верата, и освен руските и белоруските монаси нема кој да опонира на таа искривена реалност. Тие тоа го прават едноставно: богослужејќи на црковнословенски и со јасна свест за својот идентитет, за разлика од монасите кои дошле од Запад, за кои Православие и Грција се една многу проста равенка. И доколку како член на некоја грчка монашка обител се осмелите да кажете дека потекнувате од Македонија, од онаа Македонија којашто Грците ја нарекуваат “Скопја”, и дека по националност сте Македонец, под голема опасност (реализирана фактички во такви случаи) сте да ве депортираат со лисици на рацете и да добиете петгодишна забрана за движење во Шенген зоната. Зошто досега не сте се кренале против етнофилетизмот во Црквата (иако ние нема да ги прогласиме сите грчки православни христијани ниту клирици за етнофилетисти, но процентот не е ни најмалку занемарлив) бидејќи би требало добро да го знаете ова?! Гесло на грчкото Православие е “Ја Христос ке Елада мас!” т.е. “За Христос и за нашата Грција”, добро разработена теорија од катихизисот на грчките училишта со кој се задојува секое грчко дете со такво: патриотско и националистичко христијанство. Грчката влада и Синодот на ГПЦ со децении дејствуваат во отворена синергија (со исклучок на кусото владеење на Сириза) и за тоа никој никогаш не им побарал сметка на грчките Епископи, од кои имаше бројни бесрамни нацистички беседи против Македонците, со тоа и против македонските православни христијани. Нема никаква ерес во сето ова или едноставно не ги засегаше вашите престоли? Од друга страна, ‘рускиот свет’ за кој зборуваат Московскиот Патријарх Кирил и Владимир Путин се наполно поинаква реалност: во тој ‘руски свет’ ниеден етникум не е омаловажен, ничие право на слободна вероисповед не е загрозено, а доколку сте ги следеле (а сигурно е така) годишните обраќања на Рускиот Претседател кон младината на пр. ќе видите колку е неверојатен бројот на странски студенти кои се борат да станат дел од ‘рускиот свет’ и колку се високи критериумите за тоа, колку е селективна самата Русија при потврда на доблестите и талентите, но без секаква тенденција за асимилација. Огромен број млади луѓе ко живеат во поранешните советски републики исто така тежнеат да бидат интегрирани во ‘рускиот свет’ жалејќи по изгубените можности од заедничкото минато. Да не зборуваме за огромниот број Индијци кои со највозвишена почит учат руски јазик, ја усвојуваат руската култура, ја познаваат и чествуваат руската историја. Или тие за вас не се луѓе, зашто поголемиот дел не се христијани?! Вашиот потег на барање одговорност од Патријархот Московски и на цела Русија денес за поддржување на воена операција која има за цел да ги зачува токму автентичните темели на христијанското општество од најперфидниот начин на поткопување на човековиот живот не е гола наивност, има тука и дволичност и додворување, смешна борба со ветерници, а знаеме нив кој ги визуелизира. Незнаењето во Црквата не е нешто наивно, тоа е недостаток на благодат. Затоа, секогаш кога ќе сакате еднострано да ги толкувате политичките процеси од аспект на верата, не сметајте ги своите недостатоци за минорни и простливи бидејќи наводно од вас и се очекува да не сте професионално потковани за тоа, напротив: штом се осмеливте да зборувате во Името Божјо, сметајте се за одговорни секој ваш збор да тежи како збор Божји, а не како уште еден болен крик на лажниот хуманизам. За да може да зборува Црквата за ‘ереси’ и за да може сериозно да се бори со нив откако јасно ќе ги распознае во Своите редови, потребен И’ е еден цврст богословски корпус најнапред, а не социолошки анализи со лажна теолошка камуфлажа (ова е нешто со коешто современото Православие не може да се пофали), а дури потоа да се занимава со конкретни прозивки, осуди или исклучувања. Сепак, дури и да успее да го сработи сето тоа во кус историски период (најмалку пет-шест години ќе И’ требаат за тоа), со самиот тој процес ќе се откаже од својот пророчки (творечки) карактер, односно од благодатта да ја менува современата реалност на мистичен начин наместо просто да ја констатира и да изрекува закани и пресуди од световен јуродички карактер.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *