Почетна Вести Европа Свештеници на Руската црква се кренаа против Путин
Свештеници на Руската црква се кренаа против Путин

Свештеници на Руската црква се кренаа против Путин

414
0

Стотици руски свештеници се собраа на невидени протести против владата на претседателот Владимир Путин и репресиите наспроти демонстрантите во Москва пред локалните избори, јавуваат руските агенции.

160 свештеници, ѓакони и монаси потпишаа отворено писмо во кое го повикуваат Кремаљ да се откаже од досегашната практика на подривање на граѓанските права на  христијаните.

Меѓу потписниците на писмото се свештенство од Москва, Санкт Петербург, Ростов Велики, Томск, Минусинск, Велики Новгород, Нижни Новгород, Твер, Саратов, Тимен, Иркутск, Кострома, Ријазан, Ориол и многу други.

За прв пат во најновата историја на земјата, свештенството го крева својот глас и ги обвинува полицијата и судството за санкции и неправедни казни насочени кон заплашување на граѓаните.

Последен пат ваква иницијатива со толку голем јавен одговор имаше во 1965 година. Во тоа време, свештениците Глеб Јаконин и Николај Ашлиман му напишаа писмо на патријархот Алексеј Први за прогонот организиран од советските власти против РПЦ.

Официјалните црковни власти се многу изненадени од реакцијата на нивните свештенства. Новиот портпарол на патријархот Кирил, Владимир Легоида, вети дека потписниците на писмото нема да бидат казнети.

Во моментов, во руското општество се води дискусија за статусот на свештенството и вредностите што Руската црква ги спроведува.

/ БГНЕС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *