Почетна Вести Свештеници ќе ги посетуваат пациентите во клиниката „Жан Митрев“
Свештеници ќе ги посетуваат пациентите во клиниката „Жан Митрев“

Свештеници ќе ги посетуваат пациентите во клиниката „Жан Митрев“

854
0

Пациентите кои се лекуваат во Специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“ ќе можат да ги остваруваат своите верски права и преку посета на верски лица доколку за тоа имаат потреба или го побараат.

Оваа можност на пациентите и официјално законски е регулирана со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“ и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Доктор Жан Митрев, како прв човек на болницата и Валентина Божиновска, која е на чело на Комисијата со голема посветеност го потпишаа овој Меморандум за соработка меѓу двете институции, со цел да се оствари правото на пациентите да бидат посетувани од верски службеник заради вршење на верски обреди.

„Поаѓајќи од начелото на хуманост кое се заснова на почитување на личноста на човекот и неговите права, правото на слобода и уваерување и слободата на манифестирање на својата вера и убeдување како и врз основа на Член 20 од Законот за Правна положба на црква, верска заедница и религиозна група кој гласи: Лицата кои се сместени во болници, домови за деца и домови за стари лица, армиски и полициски институции и простори, затвори и слични институции можат да ја изразуваат својата вера и по сопствено барање да бидат посетувани од свештени лица заради вршење на верски обред и други форми на манифестирање на религијата или вератаво согласност со куќниот ред на институцијата во која се сместени“, вели Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Специјализиринатата болница по хируршки болести „Жан Митрев“, пак, се одликува со бескомпромисна посветеност и хуманост кон пациентите, кои имаат право на грижа лекување и рехабилитација, со цел да го достигне највисокото можно ниво на лично здравје, согласно достапните методи и можности на медицината.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *