Почетна На иста страна Свештеници и имами заиграа фудбал

Свештеници и имами заиграа фудбал

2.20K
0

Свештеници на Македонската православна црква и имами на Исламската верска заедница, како и млади христијани и муслимани, за прв пат одиграа меѓусебен фудбалски напревар. Целта беше да демострираат меѓусебна почит на едно неформално ниво, преку заеднички спортски активности и на тој начин да испратат јасна порака пред се до младината во Македонија, дека верските разлики можат да обединуваат и дека вистинските верници почитувајќи ја својата вера, ја почитуваат и верата на раазличниот од себе.

Фудбалскиот наптпревар беше дел од емисиите од серијалот „На Иста Страна“, кој се емитува секоја самота на ТВ. СИТЕЛ од 11 часот.

За овој наптпревар, кој се играше во спортската сала во Лешок, свештеници и имами дојдоа од Тетово, Скопје, Гостивар.

-Покажавме дека сме во добра кондиција и како верски заедници таа кондиција ја користиме за водење на работите. Постигнавме и двете екипи голови и тие голови им ги посветуваме на оние кои имаат предрасуди и не го сакаат соживотот, рече Муарем Вејсели, од ИВЗ.

Овој фудбалски напревар беше дел од емисијата за религијата и спортот, со фокус да тоа дали младите можат да ги разберат заедничките вредности?

Погледнете ја целата емисија..

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *