Почетна На иста страна Свештеници и имами во Тетово ќе играат фудбал

Свештеници и имами во Тетово ќе играат фудбал

171
0

Муфтиството на ИВЗ од Тетово и Тетовско-гостиварска епархија на МПЦ ќе организираат меѓусебен фудбалски натпревар, а во тимовите ќе учествуваат свештеници, имами и млади претставници на исламот и на христијанството. Ова го ветија ефендија Идриз Идризи од ИВЗ и Отец Александар свештеник на МПЦ во Тетово, кои беа дел од петтата епизода од серијаот „На Иста Страна“.

Tetovo na ista-Ако по богословието сме раздвоени, тогаш во оние сфери на животот што се општи за сите, би можеме да придонесеме за поврзување, за дружење, за поголема комуникација, вели Отец Александар.

-Ние како тетовско муфтиство ќе направиме иницијатива, заедно со свештениците, оџите, но и оние помлади, да организираме еден спортски натпревар во фудбал или ракомет. Но не да играме оџи против попови, туку измешани да направиме еден натпревар, вели ефендијата Идиризи.

Двајцата се согласуваат дека од исклучителна важност за младите е што почесто да ги гледаат претставниците на верските заедници како комуницираат.

Погледнете ја петтата епизода од серијаллот „На Иста Страна“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *