Почетна Вера Евангелско-Методистичка Сведочење за силината на Крстот

Сведочење за силината на Крстот

250
0

„Крстот“ е македонски документарен филм за настанот кој го промени текот на човечката историја – Христовото Распетие.

Во овој филм се разгледува Крстот од историска, Библиска, теолошка и егзистенцијална перспектива. Испреплетени со пораката на филмот се и повеќе животни приказни кои сведочат за промената што настанува во човекот кој ќе се соочи со Крстот Христов.

Авторите на филмот веруваат дека во последните 2000 години единствено силата на пораката за Крстот останала непроменета, и со својата сила го променила целиот свет и животите на милиони луѓе низ историјата.

Филмот е во авторство на „Импакт Продукција“ а е направен во соработка со неколку евангелско-протестантски цркви. Она што е интересно за потсетување е што и покрај различните ставови за одредени прашања меѓу христијанските цркви, овде се обработени теми за кои христијаните од сите конфесии се сложуваат.

„Импакт Продукција“ е христијанска музичка продукција чија цел е да создавање служба која преку Христијанската музика ќе ја шири „Радосната Вест во Македонија и Балканот“.

Погледнете го документарецот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *