Почетна Вести СВЕДОЧЕЊА: Две децении од трагичната слава за Богородица во Берово

СВЕДОЧЕЊА: Две децении од трагичната слава за Богородица во Берово

3.54K
1

Две децении подоцна се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата во која загинаа 9 лица, а над 50 беа повредени, откако гром удри во дворот на Манастирот Богородица во Берово.

3Телевизија „Стар“ од Штип објави сведочење на новнарката Љубинка Клинчарска, сега во пензија, која прва ја јави веста за трагедијата.

-Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го направија во четврток. Па, се толкуваше како божја казна. Но, едно што не ми се допаѓа е дека сите заборавија на жртвите им ветуваа но за нив ништо не се направи“ , изјави Љубинка Клинчарска, новинарка во пензија од Берово.

5Од тој кобен ден поминаа точно 20 години. Во меѓувреме Љубинка ја губи светлината во очите, но сепак, во неа  се појасно се зацврстува противењето за комерцијализацијата на големиот христијански празник.

Покрај манастирот Успение на пресвета Богородица и утре ќе се соберат илјадници верници, ќе се заколат 100-ина јагниња и овци и ќе се наложат 100-ина казани со што Малешевијата  ја продолжива вековната традиција на црковно-народниот собир.

Погледнете го видеото:

/ТВ. СТАР

Коментар(1)

  1. Во Берово гром, во Скребатно авион … не си играјте со Милостивата Мајка Исусова … оставете ги курбаните настрана и прославувајте како што доликува, Православно …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *