Суштината на религијата е да се слави создавањето на светот, а не неговото уништување

Date:

Share post:

„Денес религијата често се злоупотребува за политички цели и за поддршка на војни, додека секуларните идеологии се обидуваат да ја исклучат религијата од јавната сфера.“ Ова е само еден од заклучоците на Декларацијата што на Меѓународната религиска конференција во Крушево, ја усвоија повеќе од 70 научници од 20 земји од Светот.

-Свесни дека не можеме да ги решиме сите проблеми, како научници веруваме дека создавањето простори за дијалог меѓу и во рамки на религиите нуди вредни можности за промовирање на мирот, велат професори и истражувачи од областа на религијата, посочувајќи дека таа често се перцепира како проблем, а целта на конференцијата беше да истражуваа како религијата може да се претвори во ресурс за меѓународен дијалог и мир.

-Прогонството и дискриминацијата на религиските малцинства продолжуваат во различни делови од светот. Од религиите се очекува да бидат глас на мир, простување, соживот, толеранција и разбирање. Суштината на религијата е да се слави создавањето на светот, а не неговото уништување. Сепак, религиите создадоа поделено општество, со поделени идентитети, поделено образование, поделени лојалности, поделени светогледи – што може и често води кон поларизација и конфликти. Наместо тоа, религиите можат да промовираат вредности што обединуваат и инспирираат успешни меѓурелигиски односи. Кои сме ние? Ние сме научници од областа на религијата. Што сакаме? Мир меѓу религиите, духовните движења и aтеистите. Што правиме? Од 2019 година одржуваме годишна конференција во Македонија – мултирелигиска, мултикултурна и мултиетничка земја – каде што ја дискутираме улогата на религиите во глобалниот и поделениот свет, стои во усвоената Декларација.

Учесниците на оваа конференција ги покануваат сите научници од областа на религијата, како и верските лидери да се приклучат кон оваа конференција и визија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img