Почетна Вести Ислам Судот тврди дека Реџепи поднел оставка и бил избран нов поглавар
Судот тврди дека Реџепи поднел оставка и бил избран нов поглавар

Судот тврди дека Реџепи поднел оставка и бил избран нов поглавар

133
0

Граѓанскиот суд констатирал дека актуелниот реис Сулејман Реџепи во март годинава поднел неотповиклива оставка по што Ријасетот на ИВЗ одржал вонредна седница, на која е прифатена поднесената оставка. Според судот, на оваа седница, одржана на крајот од март, за нов реис бил назначен Скендер Бузаку.

„Врз основа на донесените одлуки на Ријасетот на Исламската верска заедница, на 3.4.2019 година, до Основниот суд Скопје 2 Скопје поднесено е барање за промена на лице за застапување на Исламската верска заедница. Постапувајќи по поднесеното барање, судот на 17.4.2019 година донесе решение, со кое барањето на Исламската верска заедница за промена на вршење на функцијата реис-ул-улема е уважено и врз основа на поднесените документи извршена е промена на функцијата, по што за реис е запишан Скендер Бузаку“, велат од Основен суд 2.

Од судот потенцираат дека тие само ги сповеле одлуките на верската заедница, кои биле донесени на вонредна седница на Ријасетот. Оттаму велат дека во друга постапка ќе се испитува дали неотповикливата оставка на Сулејман Реџепи е фалсификувана.

/макфакс

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *