Почетна Вести Судот пресече: Нема шамии на работно место
Судот пресече: Нема шамии на работно место

Судот пресече: Нема шамии на работно место

262
0

Судот на Европската Унија објави дека останува забраната воведена од страна на одредени приватни компании за носење шамии, кои ја покриваат главата на работното место.

samijaСпоред Европскиот суд за правда, внатрешното правило во компаниите со кое се забранува носење на видлив начин на каков било политички, филозофски или религиозен симбол, не претставува директна дискриминација.

Судот одлучи дека волјата на работодавците да се прикажат како неутрални пред клиентите, како од јавниот така и од приватниот сектор е легитимна цел, особено кога се засегнати само работниците кои имаат контакти со клиенти.

За судот на ЕУ тој стремеж е израз на слободата на стопанската иницијатива.

Претходно, во Европскиот суд на правдата беше поднесена тужба за два случаи на жени, вработени во Белгија и Франција, кои биле отпуштени бидејќи одбиле да ги симнат шамиите.

Ова се први вакви случаи пред Европскиот суд на правдата.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *