Почетна Вести Ислам Судот одлучи, Реџепи останува поглавар на ИВЗ
Судот одлучи, Реџепи останува поглавар на ИВЗ

Судот одлучи, Реџепи останува поглавар на ИВЗ

66
0

Исламската верска заедница го доби судскиот спор со Скендер Бузаку, поранешниот секретар во скопското муфтиство и сега бара кривична одговорност за него, поради фалсификување документи.

Апелацискиот суд одлучил дека првостепениот суд незаконски го запишал Бузаку како нов поглавар на ИВЗ. По оваа одлука, првостепениот суд донел решение со кое барањето на Бузаку за назначување прв човек на ИВЗ се одбива, со што практично судот сега го признава Сулејман Реџепи за реис-ул-улема на ИВЗ. Сепак, за ИВЗ ова не е доволно и бараат институциите кривично да го гонат Бузаку.

– Во оваа пригода ги изразуваме нашата зачуденост и незадоволство како институција, што оваа одлука на судот не дала никаква кривична одговорност за манипулациите и фалсификатите што биле направени во обид да се наруши угледот на ИВЗ и на нејзиниот претседател. Затоа бараме и инсистираме оние што се занимаваат со манипулација, злоупотреба и фалсификување во овој случај да одговараат пред лицето на правдата – пишува во соопштението на ИВЗ.

Сепак, според познавачите на состојбите во оваа верска заедница останува неизвесно дали и покрај судските одлуки, превирањата за превласт во ИВЗ ќе запрат.
Бузаку во април годинава тврдеше дека Реџепи поднел оставка на функцијата и дека тој е легитимно избран реис-ул-улема. Тој минатата недела му постави ултиматум од 72 часа на Реџепи да ја напушти ИВЗ, а во спротивно му се закани со објавување скандалозни информации во јавноста. Потоа, Бузаку поднесе материјали до Обвинителството, со кои тврди дека Реџепи сторил криминал од 700 илјади евра. Од ИВЗ најавија тужба за клевета.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *