Почетна Вести Ислам Судот ги призна и регистрира салафистите како верска заедница – ИВЗ осто реагираше
Судот ги призна и регистрира салафистите како верска заедница – ИВЗ осто реагираше

Судот ги призна и регистрира салафистите како верска заедница – ИВЗ осто реагираше

282
0

ИВЗ со остра реакција бидејќи селафистичката верска заедница „Дар ел Хадис“ доби дозвола од надлежните институции и е регистрирана. Тие сметаат дека судот не смеел да даде дозвола за регистрација, биедејќи не било земено мислење од петте уставни заедници и законот не дозволувал заедница која има исто име, учења и исти религиозни практики.

ИВЗ веќе поднела жалба до Апелација и ги известила државните институции но и меѓународните претставници. Тие директно ја обвинија судијката која ја дозволила регистрацијата а според ИВЗ новата верска заедница ќе внесе раздор меѓу верниците и ќе има штетни последици.

Новата верска заедница е регистрирана на 31 декември минатата година а основачкото собрание било во ноември. Идејата потекнала откако не им било овозможено да ја практикуваат религијата на оној начин како што тие веруваат дека е исправно. Велат дека како и ИВЗ се дел од Исламската религија но има длабоки разлики меѓу нив. Децидни се, законите се запзаени а не прекршени.

Од судот без коментар  бидејќи тече постапка во Апелација

За овој предмет во моментов се води постапка пред апелациониот суд по жалба поднесена од заинтересирано лице – ивз. од тие причини основниот граѓански суд во скопје не може да коментира неправосилни судски одлуки.

Комисијата за односи со верски заедници е запознаена со случајот а оттаму велат дека има недоречености во законот поради кои дошло до оваа ситуација.

Сотировски појасни дека со одлука на министерот Маричиќ веќе е направена работа група која што треба да ги детектира сите недоследности во законот за верски заедници и да подготви измени.

/телма

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *