Почетна Вести Свет Судири во Хонконг на протест за поддршка на Ујгурите
Судири во Хонконг на протест за поддршка на Ујгурите

Судири во Хонконг на протест за поддршка на Ујгурите

156
0

Полицијата во Хонгконг се судри со демонстрантите на протест одржан денеска на неколку стотици луѓе во поддршка на кинеското малцинство Ујгури, од кое наводно милиони се жртви на шемата за интернирање во северозападната кинеска територија Ксинџијанг.

АП објави дека полицијата уапсила двајца демонстранти кои се обидувале да изгорат кинеско знаме на протестот.

Меѓународниот притисок е зголемен врз Пекинг, како резултат на протекувањето на информациите за наводните масовни казнувања на Ујгурите и другите претежно муслимански малцинства во Ксинџијанг.

Хонгконг со месеци е зафатен од протести на граѓани кои стравуваат од мешање на централната кинеска власт и бараат поголема демократија во нивниот специјално администриран регион.

Некои од демонстрантите во Хонгконг најдоа заедничка кауза со прогонетите Ујгури, понекогаш мавтајќи со сино-белото знаме на движењето за независност во Ксинџијанг.

Кинеските претставници инсистираат дека не држат политички затвореници и оти таканаречените кампови за интернирање, кои остануваат во тајност, обезбедуваат стручна обука и се дел од напорите за спречување на екстремизмот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *