Почетна Вести Свет Судија одлучи тројца млади напамет да научат ајети од Куранот поради навреда на христијаните
Судија одлучи тројца млади напамет да научат ајети од Куранот поради навреда на христијаните

Судија одлучи тројца млади напамет да научат ајети од Куранот поради навреда на христијаните

187
0

Либански судија одредил необична казна за тројца млади муслимани поради не почитување на верата, пренесува локалниот весник Дејли Стар.

Судијата Џослин Матт, наредил тројцата млади кои се обвинети за навреда на христијанството напамет да ги научат ајетите од Куранот кои зборуваат за Дева Марија и Исус Христос.

Постапката на судијата, кој е христијанин ја поздравиле водечките муслимански политичари и активистите на социјалните медиуми.

-Одлуката е одличен пример за правда и учење на заедничките вредности меѓу муслиманите и христијаните, напишал и премиерот на својот Твитер профил.

И поранешниот премиер на Либан исто така ја поздравил одлуката на судијата, кој на еден начин ги спасил тројцата тинејџери од затворски казни, пропишани за овој вид дела.

Либан е верски и етнички хетерогена држава, составена од многу племиња. Најголем процент се Арапи муслимани. Во Либан има 18 верски заедници. Претседателот е христијанин, премиерот е муслиман сунит, а претседателот на Парламнетот муслиман шиит.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *