Почетна Вести Стотици момчиња злоставувани во хорот раководен од братот на Папата Бенедикт XVI
Стотици момчиња злоставувани во хорот раководен од братот на Папата Бенедикт XVI

Стотици момчиња злоставувани во хорот раководен од братот на Папата Бенедикт XVI

136
0

Најмалку 547 момчиња од познатиот германски католички хор во Регенсбург станале жртви на физичко насилство и сексуална злоупотреба, вклучувајќи и силувања, во период од 60 години, се наведува во објавениот конечен извештај од истрагата за аферата, јави ДПА.

– Околу 500 деца од баварскиот хор „Регенсбургер домшпацен“ биле подложени на физичко матретирање, а 67 биле подложени на сексуално насилство, вклучувајќи и силување, изјави адвокатот Урлих Вебер, ополномоштен од Католичката црква да го расветли скандалот, кој изби во 2010 година.

Оваа бројка далеку ја надминуваа онаа која беше содржана во првичниот извештај во јануари 2016 година, кога беа споменати 231 жртва. Речиси една година претходно, во февруари 2015 година, локалните католички власти дадоа признание за само 72 деца.

Малтретирањата имале различна форма, од лишување од храна, преку тепање до сексуално насилство. Повеќето случаи се застарени и 49-те осомничени извршители нема да бидат судени, но секоја од жртвите ќе добие по 20 илјади евра отштета.

Поранешните хористи го опишуваат престојот во училиштето на светски познатиот хор со долга историја како затвор, пекол или концентрационен логор, како најлош период во нивниот живот, одбележан со страв, насилство и очај, додаде Вебер.

Аферата се однесува за злоупотреби извршувани во време кога хорот бил раководен од братот на поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти, Георг Рајцингер, меѓу 1964 и 1994 година. Георг Рајцингер, кој сега има 93 години, тврди дека не знаел за злоставувањата.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *