Почетна Вести Стоп за бурките во Мароко
Стоп за бурките во Мароко

Стоп за бурките во Мароко

44
0

Maроканските власти го забранија производството и продажбата на бурка, пренесува Франс прес.

Министерството за внатрешни работи испратило писмо до своите вработени одговорни за трговијата во градовите, во кое им се наредува од оваа недела да не дозволуваат повеќе производство и продажба на бурка, објавија локалните медиуми.

burkaВо некои трговски населби на Казабланка, економската престолнина на земјата, вработените од Министерството за внатрешни работи ги информирале вчера трговците за новото решение. Во градот Тарудант висок чиновник им наредил на трговците, кои произведуваат и продаваат бурка, да ги ликвидираат резервите до 48 часа и да ја прекинат секоја комерцијална активност, вклучувајќи ја оваа облека.

Преземени се мерки и за забрана на увозот на бурка во Мароко.

Според марокански медиуми бурката е забранета од безбедносни причини. Се наведува дека таа  многу пати е користена од криминалци.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *