Стобискиот епископ Давид одбележа 15 години архиерејски чин, присуствуваше владика од СПЦ
На 19 Јуни, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица”, покрај Скопје, ПОА одбележа 15 години од хиротонијата на Стобискиот епискп Давид со литургија на која учествуваа владиците на ПОА, со Архиепископот Охридски и Митрополит Скопски г. Јован, во сосолжение со епископот пакрачко-славонски г. Јован од СПЦ.
Беседел Епископот пакрачко-славонски Јован, а на крајот од Литургијата пригодно обраќање има Архиепископот охридски Јован, воедно честитајќи му го јубилејот на Епископот Давид.
Биле промовирани двете книги на Епископот стобиски Давид „Уметност и откровение” и „Надвор од границите”, кои оваа 2022 год., ги објави книгоиздателството „Макавеј” од Скопје.
Овој настан се организира откако веќе СПЦ прогласи автокефалност на МПЦ-ОА во Македонија, издавјќи Томос, но во пракса за СПЦ и Јован се уште е официјален Архиепископ.
И професорот кога ќе се пензионира сеуште го викаат професор. Или мајсторот. Оставете веќе, не се потребни коментари и судови.