Почетна Вести Степинац се уште „чека“ договор меѓу СПЦ и Католичката црква во Хрватска
Степинац се уште „чека“ договор меѓу СПЦ и Католичката црква во Хрватска

Степинац се уште „чека“ договор меѓу СПЦ и Католичката црква во Хрватска

114
1

И вториот состанок на мешовитата комисија меѓу Српската православна црква и Католичката црква во Хрватска, под медијаторство на Ватикан заврши без конкретни заклучоци за процесот за канонизација на Кардиналот од Втората Светска Воја Алојсе СТепинац.

mesovita-komisija-spcВо официјалното соопштение од дводневниот состанок во Загреб е дека следната средба ќе биде во Нови Сад на 13 и 14 февруари 2017 година.

На состанокот одржан во седиштето на Хрватската бискупска конференција од 17 до 18 октомври 2016 година биле разгледувани детали од улогата на Степинац во Втората Светска Војна.

Католичката црква во Хрватска покрена постапка за канонизација на Степонац, на што СПЦ остро се спротивстави со тврдејќи дека тој е виновен за голем број српски жртви за време на усташкиот режим во Хрватска.

За Католиците во Хрватска пак, Степинац е жртва на комунистичкиот режим во Југославија. Ватикан одлучи да формира мешовита комисија од претставници на двете цркви, историчари и теолози од Ватикан за решение на ситуацијата.

Коментар(1)

  1. Na Vatikan ne mu e potrebna komisija da ja utvrdi dejnosta na Stepinac za vrene na negoviot pontifika, dovolno mu e samo da prati edna delegacija da go poseti Jasenovac, Petrova Gora , Gorna i Dolna Gradiska , Jadovno idr. mesta pa samiot ke se uveri dali treba da go proglasi za svetitel ili ne. Neka go cue i glasot na Evreite i Romite koi bile ziteli na togasna Srbija , ili, seedno , okupiranata Jugoslavija .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *