Почетна Вера Стефан Петровски го фати крстот во Крива Паланка
Стефан Петровски го фати крстот во Крива Паланка

Стефан Петровски го фати крстот во Крива Паланка

97
0

Дваесетгодишниот Стефан Петровски од кривопаланечкото село Мождивњак е среќникот кој го извади крстот од водите на Крва Река.

vodici palanka– Петти пат се фрлам по крстот и пресреќен сум што успеав да го извадам од водите на Крива Река. Верувам дека ќе ми донесе среќа, бериќет, здравје, рече Петровски.

Годинава четириесетмина се пријавија и се фрлија по крстот, а најсреќен беше Петровски, кој од локалната самоуправа на општина Крива Паланка доби награда, машина за перење.

Чествувањето на Богојавление – Водици во Крива Паланка започна со света божествена литургија на свештениците од Кривопаланечкто архиерејско намесништво во соборниот храм „Свети Димитриј“, на која присуствуваа голем број верници.

По литургијата беше осветена вода во дворот на црквата и верниците си понесоа вода во своите домови, а по чинот во црквата се даваше и света причест.

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска во Крива Паланка се одржи манифестацијата „Пивтијада 2017“.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *