Стефан и Порфириј отслужија литургија во манастирот каде биле преговорите меѓу двете цркви

Date:

Share post:

Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот Стефан, заедно со архиереи на СПЦ и на МПЦ-ОА, отслужија литургија во манастирот Покров на Пресвета Богородица во Ѓунус, кај Ниш. Во соопштението на СПЦ пишува:

-На големиот празник Покров на Пресвета Богродица, во велелепниот храм заедно со илјадници верници, поглаварите на Српската Православна Црква и на Охридската Архиепископија – Македонска Православна Црква, служеа света Литургија, во сослужување на високопреосветените мирополити преспанско-пелагониски Петар, дебарско-кичевски Тимотеј, бачки Иринеј и нишки Арсениј, како и со преосветените епископи, хералкејски Климент и јенопољански Никон, стои во соопштението на СПЦ.

По литургијата во безедните говори, Архиепископот Стефан откри дека пред две години токму во овој манастир, на ова место биле водени разговорите меѓу делегациите на МПЦ-ОА и на СПЦ за решавање на деценискиот спор.

-Токму овде, во оваа света обител, под Покровот на Мајката Божја, пре две ипол години се ожводеа братските разговори за воспоставување на канонското и литургиско единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА. И токму овде, во љубов, во братско разбирање, почит и уважување беше постигнат долгоочекуваниот договор кој донесе радост како на српскиот, атака и на братскиот македонски народ и ги исполни нашите срца со радост. Уште тогаш беше збор една Литургија, во заедничка и бртска љубав и единство да отслужиме овде, во оваа света обител, да му се заблагодариме на Бога и на Пресветата Мајка Негова, која со звоето застапништво и молитвите направи да дојде до толку очекуваното единство, изјавли Митрополитот Арсениј.

Српскиот патријарх Порфириј, пак во дополнетата беседа по говорт на Стефан, му се заблагодарил на домаќинот владиката Арсениј што можеле пред две години овде да ги завршат разговорите и да бидат сведоци, на како што го нарече чудото за воспоставување на единството.

-Тоа е уште едно чудо на Пресвета Богородица, чудо кое се случи во оваа света обител. Дека е чудо тоа најмногу го знаеме ние, бидејќи пред да почнеме со разговорите, нас ни беше јасно дека не постои никаква причина единството меѓу нас да не се воспостави. Браќа и сестри, сигурен сум дека како што на нас не ни беше потребен преведувач во Скопје и на другите места во Македонија, каде говоревме, така и овде немаше потреба од превод. Ако некој збор не бил јасен, срцето е толку отворено и љубовта Господова и на Пресвета Богородица е со нас за да се разбереме, да сме во љубов кон Господа и меѓу нас – единствено тоа е најважно од се, изјавил српскиот патријарх Порфириј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img