Срцето на Прилеп чука во старата чаршија, вели Проданоски

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со дуќанџиите, угостителите, златарите и трговците од старата прилепска чаршија, нагласувајќи дека токму тие се вистинското срце на градот.

-Секојдневно го одржуваат духот на нашата стара прилепска чаршија. Со својата работа и посветеност го чуваат идентитетот и традицијата на Прилеп, изјави Проданоски, додавајќи дека чаршијата е местото кое ги спојува сите генерации и го потсетува секој посетител на духот на градот под Марковите кули.

Тој ја претстави визијата за возобновување на старата чаршија како симбол на економски и културен живот во градот. Планот предвидува поддршка за малите бизниси, подобрување на инфраструктурата, уредување на јавниот простор и обезбедување чиста и безбедна околина.

-Нашата визија е чаршијата повторно да стане гордост на градот – место полно со живот, движење и автентична енергија, нагласи Проданоски.

Тој додаде дека ќе продолжи да биде блиску до граѓаните, со искрени разговори и конкретни решенија за подобар Прилеп.

-Ќе бидеме со народот, меѓу народот – затоа што само така се создава вистинска доверба и напредок, порача Проданоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...