Почетна Коментар Српско удбашки небулози за иднината на МПЦ
Српско удбашки небулози за иднината на МПЦ

Српско удбашки небулози за иднината на МПЦ

2.10K
3

Откако Српската православна црква и по речиси година и половина, не успеа да најде начин како да одговори на писмото на Македонската православна црква за обновување на дијалогот меѓу двете цркви, особено откако Врнишковски излезе на слобода, сега се обидува преку „тајни црковни емисари“ медиумски да наметне теза дека решението за деценискиот спор небаре е готово, само уште да се формализирало. Секако по теркот и урнекот на Патријаршијата во Белград.

Српскиот весник „Вечерње новости“ објави текст, кој доколку не го преземеше на својата официјална интернет страница Митрополитот Амфилохије, можеби ќе поминеше само како една обична новинарска шпекулација. Но објавувањето на тој текст со наслов„ Разговорите за статусот на непризнатата Македонска православна црква почнуваат ова лето“, засновани на анонимни извори од СПЦ, на страницата на Црногорско-приморската митрополија, не само што дава потврда на информациите напишани во него, туку значи и официјално застанување за нив.

Но што всушност пишува во тој текст.

Во него перфидно се протнува теза дека решението на статусот на МПЦ, наводно ќе бил договаран на „Големиот вселенски собор“ на Крит, а потоа и ќе почнеле разговорите.

Таа теза е апсолутно лажна и манипулативна, затоа што таква точка на дневен ред на Вселенскиот собор нема, ниту може да има.

Второ! Никој ниту може, а ниту пак има право да разговара и носи заклучоци за иднината на МПЦ, без нејзино присуство.

И трето, како што тргнала работата со тој долгонајавуван Собор, особено по информациите за луксузот во кој ќе помине, заканите од антиекумнистите, од него на крај, освен протоколарната заедничка фотографија, ќе нема ништо ниту суштинско, ниту значајно. Состојбите се толку опасни, што идејата на Вартоломеј да се впиша во историјата дека свикал Вселенски собор по 1200 години, може да заврши со историска белешка за неговата вина за можен нов огромен раскол во Православието.

Но, да се вратиме на тезата на СПЦ.

Во тој текст, заснован на анонимен извор, секако решението за МПЦ е во рамки на автономноста под СПЦ и во склад на Нишкиот, отфрлен договор.  А каде и на друго место било решението? Анонимниот извор на „Вечерње новости“ категорично ја отфрла позицијата на МПЦ за автокефалност, како неприфатлива за СПЦ. Значи јасно и прецизно, „За нас тоа е неприфатливо“, вели анонимниот извор од СПЦ, а не како што овде „јованистите“ тврдат дека СПЦ не можела да дава автокефалност.

Но, овде во тој текст има и една многу опасна теза, која српските националисти сакаат да ја протнат, а веројатно и мотивирани од само нивни побуди.

Во скандалозниот текст пишува дека „МПЦ ќе прифатела да биде автономна црква во состав на СПЦ, со тоа што за возврат ќе добиела гаранција од Русија и Руската православна црква дека таа ќе го штитела Православното културно наследство во Македонија, кое било во опасност од, пазете „албанските претензии за христијанскиот идентитет на Македонија“.

Таква теза може да смислат само некои српско-удбашки структури заглавени во минатото, а не некој кој себе се декларира како христијански проповедник. Тие и такви структури, секако спасот го гледаат, каде ако не во „заштита со Русија“.

Кога оваа теза не би имала намера да предизвика подгревање на меѓуетничка и меѓуверска нетрпеливост во Македонија, веројатно би била смешна и за коментирање, но како што напомнав, веста се наоѓа на официјалната интернет страница на Митрополитот Амфилохије, а тоа е сосема доволно да и се посвети доследно внимание.

Македонија и православието во Македонија немаат закана од некакви претензии за албанизација на христијанскиот идентитет. Напротив, српската автономија за МПЦ е далеку поголема закана за Православното културно наследство и идентитетот на Македонците.

А, „моќта на руска заштита“ СПЦ нека си ја побара за себе, има и причина, а и повод.

Marjan-Nikolovski-200Решението на македонското црковно прашање не може да биде експеримет. Ако некој не сака и не умее да го реши, не мора ниту да го решава. Ако не може да помогне, нека не одмага. Историјата и правдата ќе го решат, како што на ист начин тие прашања ги решиле и во другите цркви. Ако не по 50, по 70 или 90 години ќе го реши.

Марјан Николовски

Коментар(3)

  1. Марјан за да можеш во нешто да се впушташ (во изобличување на црковните нешта) треба прво добро да ги познаваш истите.
    На вселенскиот собор можеби нема да се отвори темата за МПЦ но затоа ќе се говори за проблемите од афтономните цркви во случај како украинска.Афтокефалијата не е нечија желба туку внатрешен проблем на црквата.(канонски)
    Второ СПЦ не може да даде афтокефалија на МПЦ .,а.ако наоѓаме сплеткар тоа дефинитивно е СПЦ како долгогодишен ЅИД на МПЦ на патот до Цариград.

  2. И овде се од муве прави медвед. Са оваквим злонамерним хушкањем никада се неће решити проблем. У тексту који се нашао у “Новостима ” нема ништа што вређа Македонце. Текст је типично позиционирање пред почетак преговора. МПЦ није на дневном реду сабора на Криту,али неофицијелно ће се сигурно и о томе разговарати,јер то није само ствар СПЦ-МПЦ. СПЦ никада не сме сама дати аутокефални статус МПЦ ОА.На томос о аутокефалији једне Цркве потребно је да се потпишу поглавари СВИХ помесних Цркава. О утицају Московског Патријархата на преговоре више се говори од стране МПЦ ОА. Они су први хтели да Москва посредује. Зашто то некоме смета сада? Могуће је наћи решење само разумом и Хришћанском љубављу ,без уплива политике. И да се констатује да је етнофилетизам и једних и других довео до свега овога. А УДБ-у не би баш требало спомињати. Сви знамо ко је све од свештених лица радио за УДБ-у и у МПЦ(Митрополит Кирил) и у СПЦ (Епископ Василије Качавенда ) и то нам никаквог добра није донело . Само расколе и бруку .

  3. Почитувани!
    Таканаречениот „Собор“ нема да има никаков легитимитет за нас православните, бидејќи на тој разбојнички собор ќе биде официјализиран екуменизмот кој што е ерес. СПЦ треба прво да си ги реши внатрешните проблеми, внатре во неа како чума се раширени модернизмот и екуменизмот. Полека антиекуминистите од целиот православен свет се обединуваме и до крај ќе се бориме против лажното православие, т.е. екуменизмот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *