Почетна Вести Српските владици бесни што нема да спијат во луксузни хотели
Српските владици бесни што нема да спијат во луксузни хотели

Српските владици бесни што нема да спијат во луксузни хотели

289
0

Владиците на српската православна црква бесни што оваа година додека трае Соборот на СПЦ мораат да бидат сместени во Патријаршискиот дворец во Белград, наместо по луксузни хотели како што тоа го правеа досега, пишува српски „Курир“.

spc sobor aНа соборот на Архиереи на СПЦ, секоја година доаѓаат свештеници и владици од сите епархии и досега воспоставена беше пракса тие да бидат сместувани во белградските хотели, а владиците ги избираа полуксузните хотелски капацитети. Меѓутоа оваа година тоа им било строго забрането, што пак предизвикало лавина од незадоволство меѓу нив.

-Црковните великодостојници веќе подолго време се на удар на јавноста поради непочитување на заветот за сиромаштија, како и поради раскошниот живот. Поради тоа на владиците оваа година им е строго забрането да спијат по хотели, па на сите им се доделени соби во Патријаршискиот двор. Меѓутоа некои се револтирани поради условите, кои во овие соби се далеку поскромни од нивните желби, изјавил за „Курир“ извор од СПЦ.

Истиот извор тврди дека револтот и негодувањето кај некои владици бил толку голем што дел од нив сакале и да заминат. Дел пак веќе неколку години доаѓаат и заминуваат од заседанијата на Соборот секојдневно со своите автомобили.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *