Почетна Вести Христијанство Српскиот патријарх во Охрид и во Струга – На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера

Српскиот патријарх во Охрид и во Струга – На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера

1.31K
2

Српскиот патријарх Порфирије два дена е во посета на неколку светилишта во Струга и Охрид.

При посетата увидел дека на луѓето во овие краишта најважно од се им било да ја сочуваат својата православна вера низ вековите.

Изјава за медиумите даде само тој. Во негова придружба беше Архиепископот Стефан, митрополитите Петар и Тимотеј и епископот Климент, како и епскопот на СПЦм Фотиј.

Ова е второ доаѓање на српскиот патријарх откако вселенската Патријаршија на 9 мај одлучи да ја тргне шизмата и да го признае канонскиот статус на македонската црква по што следеше заедничка богослужба на МПЦ И СПЦ.

Минатата недела поглаварот г. г. Стефан сослужуваше во Вселенската Патријархија и побара од Патријархот Вартоломеј томос за автокефалност на црквата.

Коментар(2)

  1. Добредојдовте кај нас, Ваша Светост! Нашата заедничка радост да биде незалезна, осветлувајќи го со Силата и Љубовта Христова сиот свет! Нека Ви се многу години многуплоден благодатен труд на Лозјето Христово Вам и на Архиепископот Стефан, и на сите Отци, браќа и сестри наши во Српската Православна Црква и во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија! Господ со нас и меѓу нас, Е и Ќе Биде!!!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *