Неговата Светост, Српскиот патријарх г. Порфириј, од свое име и од името на САС на СПЦ, им се обрати со молба на сите поглавари на Православните цркви, на папата Франциско, на архиепископот од Кантербери, Џастин Велбли, на претседателот на бискупската конференција на Европската унија, бискупот Маријано Кроката, на генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Вокер Турк, на Светскиот совет на црквите, на Конференцијата на европските цркви, на организациите за заштита на човековите права Амнести Интернешнл и Фридом Хаус, користејќи ја големата репутација што ја имаат во светот, да застанат во одбрана на митрополитот Вишгородски и Чернобилски, г. Павле, игуменот на Киево-печерската лавра, за да биде пуштен на слобода со цел да ја продолжи својата евангелска мисија, која може да донесе само добро за страните во конфликтот, а особено за народот на Украина.
Во писмото на поглаварот на Српската православна црква, меѓу другото, се наведува дека во периодите на големи, тешки и опасни историски промени, како што е очигледно современиов, должност е на секој човек кој ја сака правдата, без разлика на неговата верска и национална припадност, како и на идеолошката или политичка ориентација, да укаже на неправдите направени спрема поединци и нивните основни човекови права, кои најчесто се парадигма на општата состојба во областа погодена од немири и страдања.
-Секако, денес таков пример е Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Вишгородско-чернобилски г. Павле, кого украинскиот суд го стави во затвор. На лицата и институциите кои ги познаваат состојбите во светот секако им е јасно дека посоченаната судска одлука не може и не се заснова на ниту еден закон што важи дури и во правно регулирани земји. Оваа одлука, од една страна, е резултат на тешката атмосфера во Украина, која гори од огнот на војната, а од друга, резултат на намерата на сегашните власти да ја освојат Киевско-печерската лавра, една од најважните светињи на православниот свет во целост, стои во писмото.
Српскиот патријарх Порфириј, од своја страна, на спомнатите угледни верски поглавари и на предводниците на значајните светски институции, со болка и огорченост им го изрази својот став дека митрополитот Вишгородско-чернобилски Павле, кој секогаш повикуваш на мир, прекин на конфликтите и изнаоѓање решение преку дијалог, не може да биде осуден и затворен поради, на пример, своите политички убедувања или поради вербален деликт, се разбира ниту поради деликт на мислења.
-Митрополитот Павле беше затворен, а ова е еклатантен пример на кршење на човековите права, поради тоа што самиот тој е, поради неговиот личен и верски идентитет. Затворен е затоа што е православен архиереј, верен на својата Украинска православна црква и на вселенското православие. Како таков, тој е непоколеблив чувар на манастирот чиј игумен е и, соодветно на тоа, непремостлива пречка поради која заземањето на Киевско-Печерската лавра од страна на некоја друга структура, макар и да е црковна, не може да добие привид на легалност и легитимност.
Затоа, Српскиот патријарх Порфириј на крајот од писмото уште еднаш ги повикува верските и општествените поглавари на Европа и светот да се заземат митрополитот Вишгородско-чернобилски г. Павле да биде пуштен на слобода, пишува во писмото.

