Почетна Вести Христијанство Српскиот патријарх пречекан со камбани во Калишта
Српскиот патријарх пречекан со камбани во Калишта

Српскиот патријарх пречекан со камбани во Калишта

2.72K
1

Српскиот патријарх Порфириј пристигна во Македонија, беше пречекан со камбани во Калишта. Владиката Петар и владиката Иларион му бакнаа рака.

Утре  во црквата Света Софија во Охрид и официјално МПЦ-ОА и ПОА ќе се обединат во една црква, односно четирите владици на ПОА, задно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

На заедничката Богослужба, со која ќе чиноначалствува Патријархот Порфириј практично ќе се честува една година од Томосот на СПЦ.

-Одговарајќи на поканата на Неговото Блаженство Архиепископот скопски и македонски г. Стефан, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Порфириј ќе служи света Литургија во древниот храм на Света Софија во Охрид, со која свечено ќе се одбележи првата годишнина откако поглаварот на Српската православна црква го предаде Томосот за автокефалност на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, објави СПЦ попладнево.

Коментар(1)

  1. И он (дедо Порфириј) се наведна да му баци на дедо Петар. И нема тука ништо чудно. Исто како што не е чудно епископ да баци рака на игумен или свештено лице или монах да бацат рака на лаик. Не треба во сѐ да гледаме задни намери. На крај на денот Светиот Дух ја устројува Црквата така да сѐ ќе биде во ред за сите. Дал утре, дал за 100 дал за 1000 години 🙂 Во меѓувреме најбитно е да се сакаме и да не си вадиме очи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *