Почетна Вести Христијанство Српскиот патријарх: Македонија само во заедница со Србија може да ги реши своите проблеми

Српскиот патријарх: Македонија само во заедница со Србија може да ги реши своите проблеми

509
1

Српската православна црква е единствениот пат преку кои може да се најде решение на црковното прашање во Македонија, смета срспкиот патријарх Иринеј, кој во интервју за Храм, телевизиски канал на СПЦ ги оцени како незрели македонските архиереи, кои побараа Бугарската црква да биде промотор на автокефалноста на МПЦ во православниот свет.

Иринеј тврди дека МПЦ и Македонија можела да ги реши своите проблеми само во заедништво со Србија, но тоа не успеале да го осознаат македонските граѓани.

Српскиот патријарх вели дека СПЦ, сака решение на проблемот, но искуството досега покажа дека освен декларативни заложби, во пракса СПЦ не прифаќа решение кои би подразбирало автоклефалност на црквата во Македонија.

Погледнете го интервјуто, особено првите три минути, во кое Иринеј ја оценува и судбината на Србите на Балканот. (Тука ќе ја видите и суштината на црковниот проблем меѓу МПЦ и СПЦ)

Коментар(1)

  1. А денеска, изродите од мојов народ, како свое демократско право (кој ли демос, како и кога им го даде тоа право?!), мудруваат поинаку! Со нетрпение чекаат да оргиајаат на гробот на сопствениот народ! Дури се мајтапат со нашето исконско чувство, грижа и долг- за сочувување на Македонското Име! Пребројувајќи го ќарот од „продаденото“, раскалашно, од фотељи и џипови, на парно или еркондишн, најадени, распрдени и импотентни во удобствата и декадентноста на новиве изуми, со мисиркина мудрост на кренати веѓи и поглед во небеса, пуваат за некаква достоинственост, гордост, возвишеност и важност од македонското самоубиство! Тие веќе – јавно се изјаснуваат дека се НЕмакедонци, дека се нешто друго, новокомпонирано. Што уште бааат овде?! O.T.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *