Почетна Вести Христијанство Српскиот патријарх ќе ја води службата на обединување во Света Софија
Српскиот патријарх ќе ја води службата на обединување во Света Софија

Српскиот патријарх ќе ја води службата на обединување во Света Софија

2.66K
2

В понеделник на петти јуни, Духовден во црквата Света Софија во Охрид и официјално МПЦ-ОА и ПОА ќе се обединат во една црква, односно четирите владици на ПОА, задно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

Според информациите на Религија.мк, на заедничката Богослужба, со која ќе чиноначалствува Патријархот Порфириј, од ПОА ќе служи само, сега веќе, Дељадровско-илинденскиот епископ Јоаким, останатите владици во службата ќе учествуваат молитвено.

На Патријархот Порфириј ќе му сослужуваат Архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици. Преспанско-пелагонискиот г. Петар, Кумановско-осоговскиот г. Григориј и Брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и Дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

Од страна на СПЦ, гости ќе бидат Морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

Враќањето на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот Изгрев во Струга.

Коментар(2)

    1. Па да речеме во седиштето на новата епархија Дељардовце. Ама сепак проблем ќе е. Таму мислам дека нема интернет сигнал. А може нема ни сигнал за мобилна телефонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *