Почетна Вести Регион Српскиот патријарх е позитивен на Ковид 19 – има благи симптоми
Српскиот патријарх е позитивен на Ковид 19 – има благи симптоми

Српскиот патријарх е позитивен на Ковид 19 – има благи симптоми

68
0

Српскиот патријарх Порфириј е позитивен на Ковид 19, потврди српската патријаршија.

Тој добил позитивен резултат по тестирањето вчера и се чуствува добро со благи симптоми на вирусот.

Следните неколку дена, по совет на лекарите, ќе остане на домашно лекување.

-Неговата Светост има сосема благи симптоми на вирусна инфекција, одредена му е соодветна терапија и ги почитува сите епидемиолошки мерки. По пат на електронска комуникација во постојан контакт е со соработниците и без проблеми ги врши административните работи. Исто така не престанува молитвено да ги поддржува лекарите и медицинскиот персонал во нивниот труд, а посебно се моли за исцеливање на сите кои се зафатени со пандемијата. Патријархот изразува жалење што нема да може да учествува на јавните манифестации кои се одлагаат, стои во соопштението на Српската Православна Црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *