Српскиот патријарх доаѓа во Битола на канонизацијата на Преподобната Стефанида Скадарска

Date:

Share post:

Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Преспанско-Пелагониската православна Епархија и манастирот „Св. Јован Претеча“-Слепче в сабота и в недела ќе ја одржат канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Прославата за впишувањето во списокот на Светите ќе почне од утре, сабота, 29 јуни со вечерна богослужба во манастирската црква „Св. Јован Претеча“ во Слепче и последен Парастос за Светителката. Објавувањето на одлуката на САС на МПЦ-ОА  ќе се случи в недела на 30 јуни, во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“во Битола од 8.30 часот.

На Канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида се очекува присуството на Поглаварот на СПЦ Патријархот Порфириј и Поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот Стефан, архиереи и свештенослужители од МПЦ-ОА, како и високи црковни делегации од странство, велат од епархијата.

Животот на Стефанида од 1933 година започнува со протераните и жртвите на војните. Се населила во Метохија. Во манастирот Дечани со неа често разговори водел кралот Стефан Дечански. Добила повик од Надежда Аџиќ за да се приклучи на хуманитарнта дејност на сиропиталиштето Богдај. Оттогаш живеела во Битола. Во 1944 година, за време на наредбата за затемнување на градот, таа го оставила своето кандило запалено. Војници влегле кај неа и крвнички ја претепале, на Велики Петок. Погребана била во манастирот во Крстоар. Нејзините мошти се откриле во 1998 година, кога биле пренесени во слепченскиот манастир.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...