777
0
Српскиот Муфтија, Мухамед Јусуфспахиќ им го честиташе Божиќ на српските граѓани од православна вероисповест, како и на Патријархот Иринеј и Владиците на СПЦ.
Јусуфспахиќ во честитката што ја испратил до спрпскиот Патријарх, напишал дека посакува Божик во Србија да биде одбележан во радост, мир и благосостојба.
Следејќи ги божјите избраници, Аврам-Ибрахам, Мојсеј-Муса, Исус-Иса и Мухамед да го исповедаме богољубието, да покажеме љубов кон ближниот, да ја сведочиме правдата и вистината, да покажуваме на правиот пат и доброто, да одвраќаме од злото.
Го молам возвишениот Создател Вам да ви дарува здравје, среќа и секое добро. Во тоа име срдечно ве поздравувам, напишал Муфтија од Белград во честитката.