Почетна Вести Српскиот епископ Григориј: Градиме цркви, а болниците немаат пешкири

Српскиот епископ Григориј: Градиме цркви, а болниците немаат пешкири

315
0

-Неколку пати сум кажал дека не треба да се градат толку цркви, затоа што имаме болници во кои нема пешкири, нема хартија, каде се е запуштено, тешко е сето тоа да се гледа, затоа што на некој начин и тоа е одраз на нашата црква. Ова го изјавил српскиот епископ Григорије во интервју за „ТВ. ХРАМ“, телевизискиот канал на Српската православка црква.

grigorij-episkop-2Владиката Григорије, кој е епископ Захумско-херцеговачки потенцирал дека ниту училиштата не се такви какви што сакаме да бидат. Тој во интервцјуто отворено зборувал за многу приватни теми.

Потенцирал дека и покрај бројните критики ќе продолжи да носи фармерки и да се облекува како цивил, како и тоа дека и понатаму ќе игра фудбал, образложувајќи го тоа дека не се плаши разликувањето.

-Пријатно ме изненадува тоа на некои луѓе им е сеедно како се облекувам, но има и такви кои постојано ме критикуваат. За тој весел спорт постојано ми прирекуваат, што одам на теретана и играм. Не е несвесно што носам фармерки и што често сум во цивилка. Излегува дека јас со самото тоа што сум свештеник, сум посвет од оние што не се севштеници, а тоа е голема заблуда и лага, порачува владиката Григориј.

Погледнете го интервјуто:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *