Почетна Вести Христијанство Српски Игумен им одговори на грчките националисти – Браќа Грци, Македонија не ќе да е грчка!
Српски Игумен им одговори на грчките националисти – Браќа Грци, Македонија не ќе да е грчка!

Српски Игумен им одговори на грчките националисти – Браќа Грци, Македонија не ќе да е грчка!

395
0

Фејсбук статусот на еден Игумен на Српската Православна Црква од Црна Гора, Петар Драгојловиќ, во кој тој ги критикува грчките владици за нивниот национализам кон Македонија, привлече големо внимание во јавноста во Македонија.

Игуменот Петар на ставит на грчките владици дека Македонија е грчка, одговора „ Е па не е баш така браќа Грци. Со сета почит, мојот личен став е дека Македонија не е само грчка и дека македонското име е исклучива сопственост на Грците.“

Религија.мк го пренесува неговиот став, искрено верувајќи дека станува збор за искрен однос на еден претставник на српската црква кон Македонија, иако таков заклучок за искреност кон реалноста за Македонија и македонското црковно прашање, тешко може да се прочита кај овој Игуимен, ако се направи само една мала проверка на неговите ставови на истиот Фејсбук профил пишувани изминатиов период.

Како и да е еве што напиша спрксиот Игумен.

Егејска Македонија е грчка затоа што денес таму живеат главно Грци и ѝ припаѓа на грчката држава. Во Вардарска Македонија мнозинството се Македонци и таа држава се вика Република Македонија. Никој нема право да му го одзема името и јазикот на еден народ и една држава. Во Република Македонија 80 отсто од жителите денес се Македонци и мнозинството денес не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби. Во неа денеска мнозинството се Македонци. Како што во Пиринска Македонија мнозинството се Бугари. Значи, Македонија е територија на три држави и многу нации кои живеат во тие три држави, но претежно Грци, Македонци и Бугари, напиша српскиот игумен Петар Драгојловиќ на „Фејсбук“.

На мене како Србин и како православен игумен кој живее во Србија, пишува тој, Македонците ми се драг и посебен народ, кој има своја држава, свое име, своја нација, свој јазик, своја историја.

„Исто така, ги сакам и ги ценам и Грците и Бугарите, но не поддржувам елитизам, било кај поединци кај кој било народ, било кај некои поголеми групи кај кој било народ, Ниту српски, ниту бугарски, ниту грчки, ниту македонски. А паролата Македонија е грчка е елитистичка. Грците немаат право да ја држат цела Македонија, ниту имаат ексклузивно право за нејзиното име. А оној кој и малку знае историја знае дека обичните антички Македонци меѓу себе зборувале на мајчин јазик различен од оној на кој зборувале Грците, што значи дека биле друг народ, а не грчки. Така што Грците немаат сопственост на сите антички Македонци, а не може да имаат ниту на денешните Македонци и денешна Република Македонија“, пишува игуменот Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *